Скопје, 11. април 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на проектот на „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“, Граѓанската асоцијација МОСТ ќе одржи, утре во Хотел „Александар Палас“ Скопје, ќе го презентира првиот извештај од мониторингот на работата на Собранието на РМ.
Извештајот содржи податоци за работата на собраниските комисии во периодот од 1 Јули 2016 г. до распуштањето на Собранието на 17 октомври 2016 г., вклучувајќи и анализа на донесените закони, односно фрекфенцијата на донесување и измена на законите за периодот од 1 Јануари 2016 г. до распуштање на Собранието на 17 октомври 2016 година.
На конференцијата покрај Извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов, ќе говори и Британскиот Амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива