Охрид, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – МВР трага по возач на возило кој не пружил помош на повреден мотоциклист во Охрид.
– На 24-ти септември 2024 година, во 13:40 часот, на крстосница на булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Галичица“ во Охрид, 60-годишно лице од Охрид, управувајќи мопед марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, во обид да избегне директен судар со патничко возило, кое претекнувало друго возило, изгубил контрола и паднал на коловоз. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај презема мерки за пронаоѓање на возачот на патничкото возило кој не застанал да му пружи помош на моторциклистот, туку веднаш го напуштил местото, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива