Охрид, 17. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на КУД „Дримкол“ од Вевчани, денеска и утре ќе се одржат два настани, во насока на поблиска презентација на босанската култура и традиција во Република Македонија.
„Мој дилбере“ се насловени фолклорните мигови со детскиот фолклорен ансамбл на КУД „Лола“ од Сараево, Босна и Херцеговина.
Првиот настан е денеска, со почеток во 13:00 часот во ООУ „Братство-Единство“ во Охрид, додека вториот е во сабота, на 19-ти октомври 2024 година, во Дом на култура во Вевчани, со почеток во 19:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 102