Охрид, 23. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Скопјанец бил пронајден починат во својата викенд куќа лоцирана во автокампот „Андон Дуков“ во Охрид.
Случајот во полиција го пријавил неговиот сосед, 45 годишниот охриѓанец Н.П. кој го пронашол безживотното тело на 69-годишниот Љ.Д.
Смртта, без траги на насилство, била констатирана од страна на екипа од Итната медицинска помош.
Полициски екипи извршиле увид на местото во присуство на јавен обвинител по чија наредба телото е предадено на обдукција. (Крај)
извор: Курир фото: архива
Прочитано: 24