Охрид, 13. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Теквондисти од Македонска традиционална таеквондо федерација (МТТФ) ќе учествуваат на десеттиот Меѓународниот ИТФ А класа натпревар „King of Taekwon-Do“ во Солун, Грција.
На натпреаврот се пријавени 1.239 натпреварувачи од 17 земји. МТТФ под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот тренер Саша Поповски, носители на црн појас V дан, ќе ја претставуваат 3 официјални лица, 2 национални тренери и 8 натпреварувачи кои бркаат критериуми за наредното Европско првенство од клубовите: „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец, „Мастер” Охрид, „Сонкал” од Мислешево, Струга и „Ахилиус” од Скопје.
Од федерацијата се надеваат дека нивните избраници ќе дадат сѐ од себе и ќе постигнат добри резултати. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива