Охрид, 24. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на 2021 година, музеите и локалитетите на НУ Завод и Музеј – Охрид ги посетиле вкупно 98.812 домашни и странски посетители.
Од установата велат дека најголем број посети е забележан во „Музејот на вода“ кај Градиште – 49.643, а на Самуиловата тврдина имало 44.146.
Значително помал број на посетители се евидентирани во музејот Куќата на Робевци – 3.642, додека Галеријата на икони имала 1.381 посетител.
Започнувајќи од 1-ви октомви минатата година, секој прв ден во месецот, влезот во музеите и локалитетите кои се под надлежност на НУ Завод и Музеј Охрид, ќе биде слободен за сите граѓани на Република Македонија. Ова ќе важи до мај оваа година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива
Прочитано: 19