Охрид, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Познатото музичко трио од Охрид, кое го сочинуваат Дејан Спасиќ, Виктор Јолакоски и Мартин Милески, официјално продолжуваат да функционираат под ново музичко име The Bulbs.
Како бенд, кој настапува со кавер верзии на познати светски хитови, младите музичари веќе се добро познати на охридската публика. Препознатливи се по нивниот специфичен стил. На нивните настапи свират теми од неколку жанрови: Rock, Blues, Ethno-rock, Pop-rock и Pop музиката.
Бендот го сочинуваат: Дејан Спасиќ – вокал Виктор Јолакоски – гитара Мартин Милески – гитара. Членовите се млади музичари, кои имаат солидна музичка позадина, биле дел од повеќе бендови, а имале и соло настапи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22