Скопје, 28. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски во полициска придружба пристигна во Кривичниот суд каде што ќе дава исказ пред судија на претходна постапка.
Адвокатот на пратеничката Жаклина Стефановска потврди дека таа е во моментот пред истражен судија.
Триесет и шест лица се гонат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, соопшти Јавното обвинителство. Рано изутринава беше приведен Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, а меѓу приведените се и глумецот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето… Се очекува сите приведени да бидат изведени пред судија на претходна постапка.
извор: Либертас фото: Нова Македонија
Прочитано: 22