Струга, 16. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Мултиетнички детски фестивал по деветти пат ќе се одржи на летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
Оваа година на фестивалот ќе настапат студиото за модерен балет „Бах“ од Струга, КУД „Илинден“ од Струга, Rrezet e Struges, културно-уметнички друштва од Ресен, а предвидени се и соло изведби.
Организатор е Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а финансиски е подржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Фестивалот ќе се одржи во петок, 20-ти октомври, почетокот е во 12:00 часот, а влезот ќе биде слободен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21