Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во овие тешки и траорни моменти за мене и за моето семејство, кога се соочивме со проблем кој ни изгледаше непремостив, моите другари, пријатели, познаници, но и непознати луѓе кои никогаш не сум ги сретнал покажаа голема хуманост и човечност и сплотени тргнаа во акција за собирање на средствата за мое лекување.
Со ваква порака, Мухамед Максуд Муки испрати јавна благодарност за сите граѓани кои за кратко време ги собраа средствата за неговото лекување.
– Упатувам јавна благодарност до сите нив, почнувајќи од медиумите и јавните личности кои ја мобилизираа јавноста, менаџерите на угостителските објекти кои организираа хуманитарни забави, супер маркетите, теретаните, кафетериите и сите оние објекти кои поставија кутии за собирање донации преку Црвен Крст Охрид за што упатувам посебна благодарност, вели Максуд Муки
Тој додава дека Охрид и Република Македонија уште еднаш покажаа дека кога треба сите здружено знаеме да помогнеме.
– Да останеме сите хумани и во иднина и да помагаме и на други лица на кои ќе им е потребна помош, потенцира Мкасуд Муки. (Крај)
извор: Охрид1 фото/видео: Охрид 1