Струга, 26. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 34-годишниот О.С. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 25-ти април годинава, пријавениот, во продавницата за електо-материјали во Струга, предизвикал караница со сопственикот и ја загрозил неговата сигурност.
Пријавениот во продавницата побарал бакарен кабел со ветување дека подоцна ќе го плати. На тоа, сопственикот му одговорил дека најпрво треба да плати, а после да го добие кабелот, по што, пријавениот, му упатил сериозни зборови заканувачки по неговиот живот. Потоа, изреволтиран излегол од продавницата, од возило извадил чекан и се упатил кон сопственикот на продавницата сакајќи да го нападне. Во таа намера, лицето било спречено од лица од обезбедувањето кои му го одзеле чеканот. (Крај)
извор: МВР фото: архива