Охрид, 4. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден екипи на МЈП „Проаква“ од Струга, Р.Е. „Водовод“ – Охрид спроведоа голема акција за измивање на цевководот и резервоарите, а се изврши и санација на поголеми дефекти и сервисирање на големи шибери во градската мрежа и поголемите индустриски објекти, информираат одговорните во Јавните претпријатија.
– Иако беше најавено дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае до синоќа до 19:00 часот, комплетната санација заврши околу полноќ. Причина за доцнењето беше дефект кој настана на главниот доводен цевковод од 700 mm од Пумпната станица „Метропол“. Во рамките на акцјата се изврши комплетно чистење на резервоари, цевководи, се изврши промена на шиберите кои не функционираа. Во рамките на санацијата се отстрани и дефект на доводниот цевковод, од каде се врши главниот дотур за летната сезона. Им благодариме на граѓаните за разбирањето, додаваат од МЈП „Проаква“ од Струга, Р.Е. „Водовод“ – Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива