Наградата „Григор Прличев“ за авторот на поемата „Никогаш пред ил’ потем“, под шифра „Хидаспес“
декември 26, 2024

Охрид, 26. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2024 година е авторот или авторката на поемата „Никогаш пред ил’ потем“, пријавена под шифра „Хидаспес“, информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид.

Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Славе Ѓорго Димоски – претседател и Бранко Цветкоски и Димитар Пандев како членови.

– Од вкупно 13 пристигнати ракописи, пет од нив се издвоија со своите поиздржани естетски, стилски, композициски и содржински квалитети. Во потесен избор влегоа поемите:
комисијата ги издвои во потесен круг поемите: „Никогаш пред ил’ потем“ и „Питагорин сведок“, информираат од охридскиот Центар за култура.

Авторот на наградената поема „Никогаш пред ил’ потем“ треба да го докаже авторството со доставување на оригиналниот примерок. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука