Битола/Охрид, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Љупчо Паункоски ја освои наградата УНИКА за филмот „Киното Охридско Езеро“ на 31. издание на фестивалот „Манаки“ за кратометражен документарен филм.
31. издание на ФАДФ „Камера 300“ ќе се одржи на 3-ти и 4-ти ноември 2023 година, а фестивалскиот одбор ги објави официјалните резултати од конкурсот за учество на годинешното издание. Според нивната одлука, во официјалната програма, од вкупно 45 филмови, ќе бидат прикажани 16 остварувања во две проекции.
Жири комисијата во состав Љупчо Петровски – претседател, Проф. д-р Антон Антонов од Бугарија, Недељко Деспотовски, режисер од Србија, Проф. М-р Гоце Господиновски и режисерот Благојче Божиновски, ги доделија следните награди и признанија:
1. Гран при – плакета „Милтон Манаки“ за филмот „Повратникот“ од авторот Диме Талевски
2. Златна камера 300 за филмот „Часовничар“ на автори од КК од Попово, Бугарија
3. Сребрена камера 300 за филмот „Споменици“ од група автори од Шумен, Бугарија
4. Бронзена камера 300 за Бојан Петровски за филмовите „Детство“ и „Ехото на тишината“
5. Медал на Уника за Љупчо Паункоски за филмот „Киното Охридско Езеро“
6. Плакета на Општина Битола за камера за Илке Ацксталер од Германија за филмот „Така се’ започна“
7. Плакета за режија „Драги Савевски“ на Божидар Кунстељ од Словенија за филмот „Шкотски темперамент“
8. Плакета за монтажа на Кристијан Кочовски за филмот „Емпориум – душата на градот“
9. Плакета за идеја СИДО на група автори од Бугарија за филмот „Спомен за Величко“
10. Плакета за репортажа за филмот „Водици – Боиште“ од авторот Љупчо Ристески
Жирито додели и специјални награди на филмовите: „Приказни за пловечкиот брод“ од авторот Џејмс Калмерс од Велика Британија, „Филигран дизајн – накит вез“ од авторот Ноела Нечкоска и Рената Петровска- Нечкоска, како и на Кино клубот „Иван Братанов“ од Бугарија за најзастапен клуб. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива