Охрид, 24. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На пригодна свеченост која се одржа вчера беа доделени наградите на најдобрите учесници на Меѓународната едриличарска регата „Охрид 2024“, која се одржа во водите на Охридското Езеро.
Ова е четврто издание на регатата во организција на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг” и е дел од програмата на овогодинешното издание на манифестацијата Ohrid Water Fesatival.
Во името на Општина Охрид наградите ги додели Ана Крстеска, заменик градоначалник.
На регатата учествуваа едриличари од Република Македонија, Србија и Турција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 129