Охрид, 5. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на месец август во Охрид ќе се одржат спортски настани од светска категорија, информираат од Македонската пливачка федерација.
На овие натпреварувања ќе настапат над 300 учесници, а ќе бидат присутни и сите најуспешни пливачи на официјалната ранг листа на Светската пливачка федерација (ФИНА).
Од федерацијата додаваат дека Охрид од страна на ФИНА е прогласен за град со најмногу спортски настани во водените спортови во светот.
Истите ќе започнат на 8-ми август со сертифицирање на судии за далечинско пливање, а ќе завршат на 28-ми август со финална кружна трка на 10 километри. (Крај)
извор: ПлусИнфо фото: архива
Прочитано: 28