јуни 16, 2017

Охрид, 16. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Преку 40 лица се пријавиле на конкурсот што го распиша охридскиот Црвен крст за посета на курсот за спасители на отворени води.

– Обуката ќе се реализира во Охрид. Почнуваме во понеделник, а обуките ќе траат осум дена. Најпрво ќе се дадат прелиминарни оценки за здравствената состојба и подготвеност на сите кандидати, па потоа ќе видиме кои од нив ќе се обучуваат за спасители на вода, изјави за Супер радио и OhridPress, претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

За спроведување на обуката ќе бидат задолжени национални инструктори за безбедност на вода, а се состои од теоретски и практичен дел. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука