октомври 6, 2021

Охрид, 6. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – До 2-ри октомври во Охрид со прва доза вакцина против COVID-19 се имунизирале 28.667 лица над 18 години, што е 64,3% од населението.

Според податоците од министерството за здравство, скоро 95% од нив или 27.155 граѓани примиле две дози.

И понатаму има намалување на интересот за вакцинација. Во споредба со минатите извештаи, од 12-ти до 18-ти септември се имунизирале 377 граѓани, од 19-ти до 26-ти септември прва доза примиле 310 лица, додека пак во последниот од 27-ми септемви до 2-ри октомври се вакцинирале 196 лица.

Сепак, Охрид и натаму е на трето место на државо ниво, зад Неготино и Кавадарци, според опфатот на вакцинирано население со прва доза вакцина. Во соседна Струга со прва доза се имунизирани 24.827 граѓанин или 44,4% над 18 години, а 22.706 примиле и втора доза.

Токму високиот процент на вакцинирано население придонесе во Охрид да нема притисок врз болничките капацитети. За време на третиот бран, пикот достигна и над 110 хоспитализирани пациенти и драстично зголемен број прегледи, но сега, во четвртиот бран бројките на пациенти кои се лекуваат во болнички услови се далеку помали. Што се однесува до новозаболени од COVID-19, во Охрид моментално има 343 активни случаи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука