ноември 10, 2017

Охрид, 10. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со одлука на градоначалникот на Општина Охрид,  Јован Стојаноски, од денес  четири  јавни претпријатија во градов,  две основни училишта и детската градинка  „Јасна Ристеска“ добија нови  вршители на должност.

За в.д директор во ЈП „Билјанини извори“ е назначена Гордана Јованоска, a на оваа позиција во „Ниско Градба“  е поставен  Гоце Ѓоршески. В.д директор на ЈП „Охридски Комуналец“ е Љупчо Грданоски, а во ЈП „Градски Пазар“, Кристина Крлеска – Деспотоска.

За в.д директор во ОУ„Св. Климент Охридски“ е поставена Наташа Танеска која доаѓа на местото на Јордан Пуроски, а  Елена Ел- Нади е новиот в.д директор на ОУ„Ванчо Николески“ и доаѓа на местото на Жаклина Трипунова.

Од денес нов в.д директор  на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ е Мери Рилкова  и доаѓа на местото од Роза Костеска.

Наредниве денови ќе  бидат објавени  имињата на новите вршители на должност на МЈП „Проаква“ и на ЈП „Градски гробишта“ како и  на останатите воспитно –  образовни установи во градов. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука