март 2, 2020

Скопје/Охрид, 2. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Вкупните долгови на општините се околу 49 милиони евра, со што нивната финансиската состојба е подобрена, уверува министерката за финансии Нина Ангеловска.

Намалување на долговите најмногу се должи на одлуката на Владата во 2018 да им даде на општините 50 милиони евра односно половина од долгот кој достигна 100 милиони евра. Сепак, на врвот на листата повторно е општина Охрид со долг на 7,3 милиони евра, по неа општина Тетово со 7,2 милиони и општина Карпош со долг од речиси пет милиони евра.

– Последниот квартал за кој што имавме известено разликата во намалување на долгот на општините беше од 5 милијарди на 3 милијарди денари, односно 5 милијарди беше пред доделување на подршка во 2018 година со измените. Во исто време беше донесено и правилото дека проектирањето на приходите, општините можат да ги прават само со лимит од 10 проценти споредено со просекот од изминатите три години. Тоа се измени, се усвоија промени во Собранието со тој лимит изнесува 30 процети за да се даде слобода повторно во креирање на приходната страна, рече Нина Ангеловска, министерка за финансии. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука