Охрид, 4. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Мало олеснување имало на домашниот буџет во делот на угостителските услуги, поради намалувањето на цените во текот на месец февруари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, видно е намалувањето на цените споредено со месец јануари.
Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата ноќевања. На исто ниво останале цените во групата слатки, предјадења и јадења по порачка. Минимално е зголемувањето на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци.
Доколку, пак се направи споредба на цените на февруари годинава со февруари минатата година, тука има мало зголемување на цените на угостителските услуги. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22