Скопје, 23. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Активното население во Република Македонија во 2016 година брои 948 599 лица.
Ова го покажува мартовскиот извештај на Државниот завод за статистика. Од нив, вработени се 723 550, а бројката на невработени е 225 049 лица. Тука се бележи намалување во споредба со 2015 година, кога невработени биле 248 933 лица од активното население.
Што значи стапката на активност во 2016 е 56.5, стапката на вработеност 43.1, додека стапката на невработеност изнесува 23.7.
Во споредба со претходната година има пад на бројката на активното население во земјава. Во 2015 бројката изнесувала 954 924.
Според половата структура, од вкупниот број вработени, 439 717 се мажи, а 283 834 се жени.
Гледано според возраста, од 15 до 24 години вработени се 44 493, од 25 – 49 изнесува 475 700, 193 801 вработен е на возраст од 50 – 64, а 9 556 вработени имаат 65 години и повеќе.
Што се однесува до видот на сопственоста на деловните објекти, 555 894 лица работат во приватниот сектор. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива