Охрид, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Трошоците на животот во последниот месец од 2016 година, бележат намалување, а индексот на цените на мало останал непроменет.
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2016 година беше различно по одделни групи на потрошувачка.
Намалување е забележано во групите: храна и безалкохолни пијалаци и здравје, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и мебел, покуќнина и одржување на покуќнината.
Пораст на индексот е забележан во групите: рекреација и култура, транспорт, облека и обувки и ресторани и хотели. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27