мај 2, 2017

Скопје/Охрид, 2. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,89%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на Македонија.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,005 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.04.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,397 ден/кг. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука