Охрид, 4. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Специјализираниот интернет портал alportsyndromenews.com од САД објави напис за активностите на охриѓанката Гордана Лолеска во насока на запознавање на јавноста и посочување на проблемите со кои се сретнуваат лицата со ретки болест и нивните семејства.
Новинарот Хал Фостер пишува за акциите кои се преземени периодов наназад, како објавувањето на поштенската марка, маратоните, поставувањето на знамето на Ретките болести на дното на Охридското Езеро, но и на Мон Блан, трките за децата со ретки болести, нивната химна и сите останати проекти.
– Јас им благодарам на сите кои помогнаа во овие наши проекти за зголемување на видливоста на лицата со ретки болести. Без нив ова немаше да се случи, вели Лолеска за alportsyndromenews.com. (Крај)
извор: alportsyndromenews.com фото: архива