Охрид, 11. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Ептен Љубовна“ е новата песна на Игор Џамбазов и Сара Мејс, за која авторот вели дека ја пишувал во етапи и за неколку жени.
– Една вистинска, една лажна и неколку замислени. Затоа и се вика ептен љубовна… многу љубов има вложено во неа. Уживајте, вели Игор за „Ептем Љубовна“.
Тој е автор на музиката и текстот, а аранжманот е дело на Гуру Харе. Целата екипа внесува нова енергија и креативност на македонската музичка сцена, демонстрирајќи дека музиката не претставува само израз на длабоки емоции, туку и извор на насмевки и забава. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 60