Охрид, 20. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Народен театар Охрид во периодот 2023/2024 година подготви 8 претстави, а забележа вкупно 34 изведби, од кои едно гостување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На матичната сцена театарските дела ги погледнале 3.198 посетители, а 200 биле на гостувањето. Публиката во овој период уживаше и со аплаузи ги награди изведбите на претставите „Госпоѓа Министерка”, „Секс, лаги и љубомора“, „Кумови“ „Чекајќи го Годо”, „Сергеј е многу глупав“.
Во Народен театар Охрид се вработени вкупно 39 лица, од кои 19 се уметници.
На државно ниво, во периодот 2023/2024 година биле прикажани вкупно 914 претстави во професионалните театри и се бележи зголемување за 11.5 %, како и на бројот на посетителите за 3.1.% во однос на периодот 2022/2023 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива