август 15, 2017

Охрид, 15. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Народен театар Охрид утре гостува на фестивалот „Бит Фест“ во Битола, каде со почеток во 20:00 часот ќе ја изведат претставата „Аналфабет“.

Во комедијата според Бранислав Нушиќ, која е во режија на Ѓорѓи Ризески играат: Горан Стојаноски како Максим Благадуша, Никола Тодороски како Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски кој го игра ликот на Румен Вујаклија и Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска Дупева.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука