Охрид, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Народен Театар Охрид, во недела, на 20-ти октомври 2024 година, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе ја игра премиерата на претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин.
Во претставата играат актерите: Адријана Билаловиќ- Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска- Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.
Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороскса- Петреска, сценографијата на Татјана Христоска- Бажевска, а костимографијата на Марија Пупуческа.
Претпремиерата на претставата е во сабота, на 19-ти октомври 2024 година со почеток во 20:00 часот.
Билетарата при Центарот за култура работи секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот и од 13:00 до 20:00 часот на денот на изведба на претставата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива