Скопје/Охрид, 9. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Цените на становите во Република Македонија, во периодот од 2010 година до денес бележат раст од огромни 54%, покажуваат податоците сумирани од страна на Народната банка на Република Македонија.
Според истиот извор, цените само во третиот квартал минатата година скокнале за 8% во споредба со претходната година.
– Просечната цена на квадратен метар во Скопје е 1.680 евра, со најниски цени во скопската населба Петровец, каде просечната цена се движи околу 1.090 евра за метар квадратен. Најскап метар квадратен има општина Центар каде просекот се движи околу 1.898 евра. Од другите градови во земјава Охрид бележи слични цени, додека Прилеп и Кичево имаат пониски цени, информираат од Народна банка.
За споредба, цените на становите во соседните земји, како Србија и Црна Гора, се значително повисоки. (Крај)
извор: Тв Телма фото: ОхридПрес