Дебалцево, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Договорите во Минск се нарушени поради бомбардирањето во украинскиот град Дебалцево.
Таму проруски сепаратисти не им дозволија пристап на набљудувачи од Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, објавија светските медиуми.
Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин, вели дека за спречување на претставниците на мисијата на ОБСЕ во Дебалцево се одговорни лидерите на самопрогласената Доњецка народна република.
Претходно беше објавено дека повторно имало експлозии и пукање околу Дебалцево, иако започнало примирјето. (Крај)
извор: BBC фото: архива
Прочитано: 27