Вашингтон/Лиеж, 23. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Американската вселенска агенција НАСА излегоа со соопштение дека од седумте откриени планети во системот Трапист 1, можно е на три планети да има живот.
Научниците ќе испитуваат дали на планетите има атмосфера и вода.
Мајкл Гилон, од универзитетот во Лиеж, Белгија вели дека ова е големо откритие затоа што сите планети имаат големина колку Земјата.
– Дури и ако во системот Трапист 1 нема живот, тој со тек на времето може да се развие. Ѕвездата Трапист 1 ќе свети уште најмалку 10 билиони години, а дотогаш се очекува да се развие живот на планетите, велат од НАСА. (Крај)
извор: НАСА фото: НАСА
Прочитано: 16