февруари 21, 2017

Охрид, 21. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Домашниот есап само со нас излегува – Ги плаќаме Вашите сметки, порачуваат од Супер радио, како најава за новата емисија, која покрај на радиото ќе се емитува во живо и на регионалната О2 телевизија.

– Секоја сабота во терминот од 10:00 до 12:00 часот во живо на Супер радио и О2 телевизија започнуваме со нов проект – емисијата „Ги плаќаме Вашите сметки“ со познатиот актер Стрезо Саматовски. Се` што треба да направите е да испратите скенирана сметка направена во некој од „Тамаро“ маркетите во Охрид или Струга во висина до 2.000 денари, во која задолжително ќе има производ од „Жито лукс“ во вредност од најмалку 200 денари. Испратете ја на нашиот официјален маил [email protected] со назнака за „Ги плаќаме Вашите сметки“ или на официјалната страна на Facebook, порачуваат од Супер радио.

strezo2Секоја сабота, двајца најсреќни купувачи ќе бидат избрани и прогласени за победници. Тие ќе имаат време од 10 минути за да се дојдат во студиото и да си ги подигнат парите.

– Слушаме Супер Радио, гледаме О2 и си` имаме поврат на пари, порачуваат од Супер радио.

Емисијата стартува следната сабота, на 4-ти март, точно во 10:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука