септември 19, 2019

Охрид, 19. септември 2019 (ОХРИДПРЕС0 – Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), а во соработка со ТУРСАБ и Aegean Regional (Асоцијација на турски туристички агенции), дваесет туроператори од Турција денес одржаа бизнис состаноци со македонскиот туристички сектор.

– Како резултат на претставувањето на туристичките потенцијали на државава и учеството на саемот за туризам во Измир минатата годинакако земја-партнер, АППТ ја продолжи промоцијата преку информативното патување кое претставува можност за отпочнување на соработка помеѓу бизнис секторот на двете земји,и нивно запознавање со нашата култура, традиција и историја. Ова директно ќе се одрази и на зголемување на бројот на туристи и ноќевања на гости од Турција, а дополнително најавени се и нови авионски линии до Скопје и Охрид од Анкара, Измир и Истанбул. Според досегашното искуство, турските туристи најмногу се заинтересирани за југозападниот дел од Македонија (чаршиите во Охрид, Скопје и Битола), отоманските споменици накултурата, но и за македонската традиционална кујна и вино. Согласно тоа, туроператорите од Турција за време на престојот во земјава ќе имаат можност за посета на овие дестинации, вклучително и винскиот регион. Зголемениот број на авионски линии значи поедноставена можност за патување на Турците кон Македонија и обратно, а интересот е резултат на добрата соработка во минатото и историската близина поради која сеуште постојат силни семејни и пријателски врски, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Во периодот јануари-јули 2019 година во државава престојувале 65.403 турски туристи, кои оствариле 96.325 ноќевања. Според бројот на гости и ноќевања, Турците најмногу го посетиле скопскиот, а потоа југозападниот регион. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука