јануари 18, 2017

Охрид, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, на 24-ти јануари во Охрид ќе биде отворен Почесен конзулат на Унгарија во Охрид.

Официјалната церемонија ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 12:30 часот. Предвидено е да се обрати Istvan Ijgyarto од унгарското министерство за надворешни работи, Почесниот конзул Марјан Бојаџиев и Istvan Laszlo Dux, Амбасадор на Унгарија во Република Македонија.

Програмата предвидува и настап на ученици од Музичкото училиште „Методи Патче“ со „Béla Bartók duets“ и отворање на изложбата „For Freedom and Independence“.

Почесниот конзулат на Унгарија во Охрид ќе се наоѓа на улицата „Даме Груев“ бр. 43. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука