Охрид, 16. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – После 22 години успешна работа во Скопје и повеќе од 55.000 ученици, наскоро Семос едукација доаѓа и во Охрид.
– Ќе се организираат курсеви за деца и возрасни. Наставата ќе се одвива по сертифицирани програми од страна на искусни предавачи. Како понуда ќе имаме и курсеви за основни IT вештини, програмирање и дизајн. Она што е особено важно, зa да може да му се посвети повеќе внимание на секој учесник, е тоа што ќе имаме ограничен број слушатели по група, информираат од Семос.
Просториите на Семос едукација се на Булевар „Туристичка“, во Мини базарот на „Гранит”, а сите заинтересирани можат да добијат дополнителни информации на телефонот 071/300-500 или на www.semosedu.com.mk. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива