јуни 15, 2023

Охрид, 15. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – По преземањето на „Охрид Мол“ од страна на новиот сопственик FORTON, нашиот туристички бисер Охрид и регионот за прв пат ќе добијат современ шопинг центар.

Според наши информации, наскоро се планира отворањето на овој значаен проект за градот.

Во моментот интензивно и со полна пареа се работи на уредување на внатрешноста на објектот, за што се ангажирани голем број на екипи. Покрај активностите на терен, паралелно се преговара и со потенцијалните закупци и брендови кои во добар дел ќе бидат интернационални и за прв пат присутни во Охридскиот Регион.

Лоциран на одлична позиција и на доста фреквентна локација во непосредна близина на автобуската станица, „Охрид Мол“ ќе располага со површина од 17.000 м2. Засега имињата на потенцијалните закупци не се откриваат, но според наши информации охриѓани и сите посетители на градот за прв пат ќе имаат можност да уживаат во единствено шопинг искуство – и тоа не само за време на летната сезона во која градот има огромна посетеност, туку и преку целата година, со обезбедени услови за комфорно и пријатно искуство. Во рамките на трговскиот центар ќе има хипермаркет, игротека за деца, како и бројни продавници за облека. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука