Лондон, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Играчот за врска на Манчестер Сити Самир Насри истакна дека оваа сезона ќе биде „поинаква приказна на средбите со Барселона во рамките на Лигата на шампионите“.
Сити минатата сезона беше елиминиран од Каталонците со вкупен резултат од 4:1, а шанса за реванш ќе има веќе во 1/8 финалето оваа година. Првиот натпревар е веќе во вторник на Етихад.
– Минатата сезона не бевме подготвени. Оваа година е комплетно поинаква. Ги почитуваме, но не се плашиме. Време е да пишуваме наша историја во ЛШ, рече Насри.
Тој сепак беше внимателен во изјавите пред средбата со големата Барса.
– Барселона има одлична фудбалска филозофија. Може да биде забавно ако ја играш својата игра, но ако тие ја имаат во посед топката, тогаш повеќе не е забавно, додаде Насри. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива