Скопје, 12. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, најави зголемување на платите на вработените во основното и средното образование за пет проценти, кое ќе стапи на сила од октомвриската плата.
Неделков изрази задоволство што е постигнат договор за континуиран раст на платите во наредните четири години. Тој рече дека целта е наставниците и професорите да добијат плата на ниво на просечната или нешто над просечната плата во земјата.
Ова, според него, претставува значаен успех во преговорите и социјалниот дијалог.
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека по неколку неделни преговори и анализи на буџетот, бил постигнат долгорочен договор кој е во насока на подобрување на финансиската состојба на наставниците. (Крај)
извор: Тв Телма фото: ОхридПрес