Охрид, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Основното Училиште „Григор Прличев” реализираше соработка со Основното Училиште „Песница” во градот Марибор, Република Словенија.
Изминатиот периодот наставници од ОУ „Григор Прличев“, предводени од директорката Силвија Мојсовска го посетија ОУ „Песница” во Марибор. На средбата од меѓународен карактер беше остварена соработка и со училиштата ОУ „ Јован Поповиќ” од Белград и истоименото училиште од Крушевац, Република Србија.
Во рамките на оваа едукативна посета, наставниците имаа можност да ги согледаат сличностите и разликите во воспитно – образовните процеси на двете земји. Охридските наставници разменуваа идеи и разговараа за искуствата кои словенечките наставници ги стекнале при посета на училишта во Финска, Португалија и Јужна Кореја, а со цел имплементирање на истите во нивната секојдневна настава.
Она што доминира во словенечкиот образовен систем е умешноста на учениците да го развијат критичкиот став кон она што го учат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ohrid.gov