Охрид, 12. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид и Лакочереј заслужуваат подобра иднина и проекти во интерес на сите, порача на денешната прес конференција Александра Настоска – Николоска, кандидат за член на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која претстави дел од проектите во Долно и Горно Лакочереј кои се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“.
– За таа цел гарантираме: изградба и доизградба на канализационен систем во Долно и Горно Лакочереј, асфалтирање на главни и споредни улици и проширување на дел од нив, одржувањето на улиците во Долно и Горно Лакочереј има да биде наша континуирана задача и обврска, изградба и реконструкција на детски современи игралишта во Долно и Горно Лакочереј, за Долно Лакочереј се обврзуваме на реконструкција на ПОУ „Кочо Рацин“, за Горно Лакочереј гарантираме Санација на Домот, заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи. 7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, порача Настоска – Николоска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива