Охрид, 18. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Една година дена по објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха во март годинава се врати на музичката сцена со новата песна „Инферно“, а деновиве е повторно актуелна со новиот видео запис за песната „Тука со мене“.
Снимен е во нејзина режија за време на нејзината посета на Кина.
– Песната е мој личен soundtrack за секоја нова ситуација која сакам да ја доживеам или споделам со мои луѓе и песна која го отсликува чувството на носталгија, кога нечие присуство силно ни недостига, вели Миха.
„Тука со мене“ таа е автор на текстот и ко-автор на музиката, во соработка со Дамир Пух. Наташа е професор по џез пеење на Музичката Академија во Штип, која годинава одржа мастеркласи и концерти во градот Ханжоу во Кина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива