Охрид, 22. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Досегашната директорка на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ денеска во Министерството за култура и туризам поднесе неотповиклива оставка.
Оставката, како што се наведува во дописот е поради лични причини.
Поповиќ ја раководеше најзначајната музичко-сценска манифестација во текот на изминативе шест години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 107