Љубљана/Охрид, 19. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец -Охрид, ноќеска отпатуваа на Меѓународниот ИТФ турнир „15 Љубљана Опен 2017“, кој викендов ќе се одржува во Словенија.
Турнирот важи за еден од најсилните за оваа пролетна сезона во централна Европа.
– Се надеваме дека нашите спортисти ќе не претстават како што доликува и ќе направат повторно да се гордееме со нив. Најголема благодарност до нашиот генерален спонзор ПН Метал, кој верно не поддржува на секој настан, велат од клубот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ХВА РАНГ ИТФ
Прочитано: 19