Охрид, 20. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како изгледа нашата „грижа“ за природните езера во Република Македонија низ бројки. Дојранското Езеро денеска е 80 см под договорениот минимум, Преспанското е на 42 см под апсолутно пријавениот регистриран минимум, а Охридското Езеро веќе петти ден ден е на минимално дозволената кота од 693,10 м.н.в.
Нивото подолг период наназад е во константен пад, само од почетокот на месецов досега е намалено за 4 сантиметри и моментално е на 19 сантиметри под месечниот просек (693,29 м.н.в).
Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) информираат дека утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.
– Во петок во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни ( над 30л/м2). Во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка, стои во информацијата на УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР