Кавадарци/Охрид, 28. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид ги освоија највисоките признанија на 12. Меѓународен натпревар за камерна музика, кој вчера се одржа во Кавадарци.
– Од класата флејта на проф. м-р Нина Момировска квартетот флејти во состав Леона Неделкоска, Михаела Аврамоска, Миа Стојкоска и Елена Андрееска ја освоија врвната Прва специјална награда. Со тоа зедоа учество на завршниот концерт на кој настапија добитниците на специјални награди. Од класата на проф. Ана Булоска Рилкоска, учениците Јана Костовска и Илија Китрозоски освоија I награда. Тие се натпреваруваа во дисциплина пијано четирирачно во предкатегорија. Од класата на проф. м-р Ана Ѓорѓиоска, ученичките Михаела Танеска и Јана Грмашкоска освоија I награда. Тие се натпреваруваа во дисциплина пијано четирирачно, во категорија родени 2009-2011 година, информираат од ООМУ „Методи Патче“.
На своите талентирани ученици им посакуваат уште поголеми успеси. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива