Лондон, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Речиси половина од Британците, а посебно децата, се жртви на брз појадок, покажува ново истражување.
Се повеќе семејства за појадок на децата им сервираат нездрави и слатки закуски. Првиот оброк во денот на речиси половина од децата вклучува житни закуски со многу висока содржина на шеќер. За појадок децата често конзумираат и чоколадо, колачи и дури понекогаш чипс.
Истражувањето исто така покажа дека 25 отсто од возрасните се особено збунети колку јаглехидрати и протеини треба да се консумираат во текот на денот. (Крај)
извор: ОхридПрес/Daily Mail фото: архива
Прочитано: 30