април 2, 2018

Охрид, 2. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Маскирани во  пеперутки, самовили, супер херои, вештерки, пчели  и бубамари, најмладите охриѓанчиња  згрижени во ЈОУГД „Јасна Ристеска“ го одбележаа Светскиот ден на шегата, 1-ви април.  

На  забавата организирана на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“  меѓу присутните беше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

02_03_2018_APRILIJADA_PLOSTAD02_03_2018_APRILIJADA_PLOSTAD_4

02_03_2018_APRILIJADA_PLOSTAD02_03_2018_APRILIJADA_PLOSTAD_5

Први април е денот  кога никој нема да ви се налути, доколку го излажете или некој ве излаже вас, ден кога освен правењето разни шеги и будалаштини, дозволено е и маскирање и имитирање на некој друг.

Забавите на Охридскиот плоштад по повод 1-ви април  имаат традиционален карактер. (Крај)

извор/фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука