Охрид, 10. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најмладите од ООУ „Св. Климент Охридски“ положија свечена заклетва и станаа дел од Детската организација.
– Драги првачиња, чест ни е што денеска го организиравме овој настан за вас, на овој свечен ден кога со заклетвата станувате дел од Детската организација, најголемото светско семејство во кое рамноправно членуваат дечиња од сите светски меридијани. Вие сигурно знаете дека оваа заклетва не е мала работа. Ветувањата кои ги давате мора да ги исполните. Тоа значи, дека треба да бидете вредни и дека треба да ги почитувате наставниците и тогаш петките сами ќе си дојдат. А возрасните ви ветуваат дека ќе ви обезбедат среќно детство и квалитетно образование, бидејќи вие сте нашата гордост, богатство и иднина. Вашите успеси се и наши успеси, им порачаа на најмладите од училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива