Охрид, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Децата од објектите на охридската градинка денес на Градскиот плоштад во Охрид преку игра и песна го одбележаа првиот ден на пролетта.
Нивните костуми кои асоцираа на пролетни цвеќиња, го разубавија градот. Се пееја песни од детските фестивалчиња, а ритмичките точки децата ги приготвија под менторство на нивните учителки.
Традиционално секоја година градинката „Јасна Ристеска“ го одбележува првиот ден од пролетта. Вчера во 11:20 часот календарски започна пролетта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 13